Македонските ракометари со +8 во Романија во баражот за СП

Со фуриозна последна четвртина од натпреварот, ракометната репрезентација на Македонија славеше со 30:22 над Романија во арената „Борис Трајковски“ и со голема предност ќе патува на реваншот од полуфиналето на баражот за Светското првенство 2023 в сабота во Букурешт.

„Црвено-жолтите“ го отворија мечот со водство од 5:1, на полувреме водеа со 16:13, но на средина од второто имаа само 21:20, по што со серија 9:1 го декласираа составот на Чави Пасквал, поранешен тренер на македонскиот селектор и играч Кирил Лазаров во Барселона.

Филип Талески својот најдобар настап во националниот тим го круниса со 10 гола, три повеќе од Лазаров и од Филип Кузмановски.

Македонија е поблиску до елиминација на четирикратниот светски шампион, кој последен пат на големите натпреварувања се појави во 2011 година, а подобриот од овој двомеч ѝ оди на мегдан на Чешка во директниот дуел за пласман на мундијалот.