Македонските ракометари ремизираа со Грција по драматичен финиш во Солун

Машката ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 со Грција во првиот од двата контролни натпревара во Солун, од кои вториот е утре од 17:30 часот исто така во „Домот на ракометот“ во Микра.

Иако на полувреме водеа со 15:12, а на почетокот од вториот дел и со максимални 17:12, избраниците на селекторот Кирил Лазаров на крајот буквално се спасуваа од пораз, бидејќи домаќинот имаше 29:27 пред Кузмановски и потоа Костески од десно крило пет секунди да крајот да донесат реми.

Токму Кузмановски, заедно со Пешевски беа најефикасни кај „црвено-црните“ со по 5 гола, пред Талески и Јагуриновски со по 3 итн.

За двете селекции двомечот е дел од подготовките за Европското првенство во јануари 2024 година во Германија.