Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25-21, 25-23, 17-25 и 25-21, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, остварувајќи ја првата победа во второто коло од Европската златна лига.

Со неа избраниците на селекторот Јошко Миленковски се вратија во игра за единственото место од групата Б што води на завршниот турнир пред дуелот со Хрватска в сабота исто така во Скопје.


Капитенот Никола Ѓорѓиев одново беше најдобриот поединец во македонскиот тим со 20 поени, колку и Белгиецот Фер Режер, а Александар Љафтов забележа 16.

Во другиот меч од групата Украина ја совлада Хрватска со 3:0 и води со максимални 6 бода, пред Белгија и Македонија со по 3, а Хрватите се без бодови.