Македонската хокеарска репрезентација уверливо го освои Развоен куп што се одржа од 19 до 21 ноември во германскиот град Фисен, каде што во финалето ја декласира Португалија со 9:3.
Најдобрите македонски хокеари ги добија сите пет натпревари, при што во групната фаза ги совладаа Ирска со 9:6, Андора со 9:4 и Португалија со 5:4, а во полуфиналето славеа против Андора со 6:3.
Во мечот за бронзениот медал на турнирот организиран од Светска федерација за хокеј на мраз (ИИХФ) Ирска беше подобра од Андора со 8:7.