Репрезентацијата на Македонија ги одработи подготовките пред историскиот деби-настап на Европското првенство и со чартер-лет од скопскиот аеродром, претпладнево (10:30 часот) заминаа за романската престолнина Букурешт.

Премиерот Зоран Заев успеа да се поздрави со фудбалерте и да им посака среќа пред нивното тргнување на Европското првенство.

Игор Ангеловски на располагање ги има сите 26 репрезентативци кои ги одбра, откако викендов во тимот се врати и Енис Барди кој беше позитивен на ковид-19. По направени тестови на ковид-19, резултатите се негативни на сите членови на експедицијата, што може само да радува пред големиот настан.

Последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во градот каде ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.

„Црвено-жолтите“ на ЕП се наоѓаат во Ц-групата.

Тие на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам.