Македонските фудбалери пристигнаа во Букурешт, Романците најавија дека ќе навиваат за нив

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Букурешт, каде што в недела против Австрија ќе дебитира на Европското првенство, а четири дена подоцна на Националната арена во главниот град на Романија ќе се сретне и со Украина.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски имаа срдечен пречек од домаќините, кои најавија дека ќе навиваат за „црвено-жолтите“, со кои отпатува и Енис Барди по „прележувањето“ на коронавирусот.