Фирмите кои претендираат во иднина да вршат набавка на гас во земјава, за да го сторат тоа ќе мора да одат до Бугарија за да добијат код – неопходен за да го донесат енергенсот. 

Вакво известување за новите правила за тргување добиле на само две недели пред Нова Година и тоа преку официјалниот сајт на македонскиот оператор АД ГА-МА.

Тоа ќе мора да се прави преку бугарскиот оператор Булгартрансгас, затоа што Владата, иако е обврзана со закон, сè уште нема сертифициран оператор за пренос на природен гас.

Државата склучи договор со Бугарија за проширување на капацитетот на интерконекторот кај Жидилово од 1 јануари 2023, но засега е нејасно дали земјата има сертифициран оператор кој го одржува преносот на гасот.

Од македонската државна компанија ГА-МА за Телма потврдија дека на почетокот домашните фирми кои се бават со овој бизнис ќе бидат принудени потребниот код за гас да го обезбедат од „Булгартранс гас“.

За тргување на македонскиот пазар се потребни и дополнителни дозволи и подзаконски акти.