Групата македонски ски туристи што деновиве предизвикале мал инцидент во хотелот со пет ѕвезди Фалкенштајнер Кронплац во ексклузивниот ски центар Рисконе го напуштиле хотелот на планинскиот масив Доломити по објавата на веста на expres.mk.

Според гости припадници на македонската дијаспора богатите гости од Македонија утрово веднаш заминале од хотелот, најверојатно со цел да скријат за кого се работи.

Expres.mk веќе има индиции дека се работи за група во која се две високи политички фигури од Македонија и по извршените проверки ќе бидат објавени сите потврдени факти.

Според изворите на expres.mk македонските богаташи кои плаќаат енормни суми за сместување и скијање во прескапиот хотел биле дел од вербален инцидент откако биле прегласни и го нарушиле мирот во објектот по што дел од гостите ги замолиле менаџментот на хотелот да реагира и да ги смири македонските гости.

Според гости на хотелот во групата имало бизнисмени или политичари затоа што со нив имало и обезбедување кое ги чувало цело време на престојот.

Гостите кои информираат за малиот инцидент кој завршил по реакцијата на менаџментот не можеле да ги препознаат бучните Македонци за кои прво мислеле дека се Руси.

Една ноќ спиење во овој хотел за едно лице чини над 500 евра што значи дека македонските туристи за една недела заедно со другите трошоци за скијање ќе потрошат илјадници евра.

На социјалните мрежи се уште нема познати македонски бизнисмени или политичари кои деновиве се фалат со скијање на прескапата италијанска дестинација.

Текстот на expresmmk по кој македонските богаташи си заминале од скапиот хотел каде една вечер спиење за едно лице е над месечна македонска просечна плата.

Македонски богаташи предизвикале инцидент во прескап хотел на Доломитите