Македонскиот КИЦ во Софија ќе учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците

Македонскиот Културно-информативниот центар во Софија ќе учествува на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците – 26 септември.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, македонскиот штанд, кој ќе се наоѓа на плоштадот Славејков во Софија, ќе има своја програма за посетителите.

Ќе го води режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика од Штип, кој ќе биде придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија. Посетителите ќе можат да добијат брошури и каталози од Република Македонија, како и да дознаат нови факти за македонската култура и јазик.

Македонскиот КИЦ во Софија по шести пат учествува на оваа значајна културна манифестација.