Владимир Егоров ѝ го донесе на Македонија првиот златен медал на европските првенства во борење слободен стил по 23 години со триумфот на ЕП во Будимпешта во категоријата до 57 килограми.
Последен кому тоа му успеа беше првиот македонски медалоносец од олимпијадите по осамостојувањето, Могамед Ибрагимов, кој во 1999 година се закити со злато во категоријата до 85 кг.
Егоров во финалето славеше со 8:6 против светскиот првак до 23 години Алиабас Рзазаде од Азербејџан.
На патот до својата прва титула европски шампион стигна со победите од 5:4 над Никлас Штехеле од Германија во четвртфиналето и против Манвел Хнѕрцјан од Ерменија со 10:0 во полуфиналето.
Егоров има 26 години, роден е во руската република Јакутија и е член на боречкиот клуб Балканец од Штип.