Талентираниот Македонец Стефан Чолаковски кој игра за Мелбурн Сити се согласил да игра за фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година.

Веста за изборот на Чолаковски за Macedonian football ја потврдил тренерот на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски.

Со оглед на Ковид-19 кризата и далечината до Австралија Чолаковски нема да присуствува на кампот закажан за крајот на март но тој ќе се придружи на фудбалерите во септември пред важните мечеви за екипата до 21 година.

Чолаковски кој има 20 години вчера го даде последниот гол во градското дерби во Мелбурн.

Видеото од голот на овој линк

https://theworldgame.sbs.com.au/one-of-their-own-colakovski-adds-to-victory-pain-with-one-of-the-best-moments-of-my-life