Како и на претходните локални избори во Бугарија, македонскиот активист Атанас Кирјаков-Војводата ќе „трча“ за градоначалник на Благоевград и на 29 октомври годинава.

Претседателот на Градскиот комитет на Обединетата македонска организација „Илинден“ од „престолнината“ на Пиринска Македонија е еден од десеттемина кандидати за нов кмет на Благоевград што се регистрираа во Општинската избирачка комисија.


Кирјаков за првата фотелја на некогашна Горна Џумаја ќе им конкурира на Методи Бајкушев од ПП-ДБ, независниот Николај Шушков поддржан од БСП, пратеничката Цвета Рангелова од Преродба, актуелниот градоначалник Илко Стојанов – независен кандидат поддржан од ГЕРБ, Кирил Габеров од НДСВ, ексградоначалниците Румен Томов и д-р Атанас Камбитов, поранешниот заменик-градоначалник и бизнисмен Венелин Трошанов, а се очекува ИТН да го предложи Станислав Богдански.