Македонски удар врз основачот на модерната турска држава (ГАЛЕРИЈА)

Македонското министерство за култура кое го води битолчанката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ дозволува уништување на музејот на основачот на модерната турска држава Мустафа Кемал Ататурк.

Музејот кој е под ингеренции на министерството за култура а каде директорува Мери Стојанова од СДСМ среде зима е отворен и експонатите доаѓаат во контакт со влага.

Музејот кој е помогнат и од турска помош се наоѓа во фаза на реконструкцијата на кровот која крајно неплански и многу чудно е почната на 9ти ноември иако сите знаат дека во зима заради дождовите и снеговите никој не работи градежни работи, особено на објекти каде има дела што може да се оштетат.

А додека поставката во музејот на Ататурк кој е од голема важност за Битола, за Македонија и за Турција се соочува со уништување директорката според извори во министерството за култура се наоѓа во Мароко каде ниту врне ниту има влага.