Македонски Телеком се огради од изјавата на членката на бордот на директори која се закани со војна.

Германската компанија преку соопштение се огради од, како што наведе, приватниот став на Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа е актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ.

„Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, наведува македонски Телеком во соопштението.

Предходно компанијата беше мета на жестоки критики на јавноста.

Не ве плаќам за да некој од вашите директори ми се заканува, е една од пораките кои се појавија на социјалните мрежи откако вчера беше објавена дека директорка на ДУИ во Телекомот објавила заканувачка порака за војна.

“Поради изнесените ставови на член на УО на @TelekomMK со кои дотичната се заканува со војна, а со оглед дека Телеком уште не се оградил, изгледа од следната недела ќе и откажам љубов на компанијата! Нема со мои пари да плаќате некој што ми се заканува! Ви текиња @TelekomMK?!”, е една од пораките до германската компанија каде има и директори именувани од владата меѓу кои е и екс членот на УЧК Шкодране која се закани со нов конфликт во Макеоднија.

Оваа порака денеска ја објави претседателот на Советот на општина Карпош Роберт Вељановски откако компанијата Македонски Телеком не се огради од пораката на член на одборот на директори која се закани со војна.

Предходно expres.mk објави срамен документ кој Македонски Телеком го објавил а кој треба да биде биографија на Дардишта.

(ДОКУМЕНТ) Што пишува во CV-то на директорката на Телеком од ДУИ и член на УЧК што се закани со војна