Македонски пратеник за ,,Црната листа”: Нашите животи и припаѓаат на мафијата, не вредат ништо (ВИДЕО)

ДУРИ НИТУ НАШИТЕ ЖИВОТИ НЕ ВРЕДАТ ВЕЌЕ НИШТО, БИДЕЈЌИ Ѝ ПРИПАЃААТ НА МАФИЈАТА.

Оваа трагична анализа ја објавува пратеникот во македонското Собрание и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ во емисијата ,,За или против” на Алфа ТВ.

,,Без уредена држава сите сме никој и ништо, нашите деца и понатаму бесповратно ќе си заминуваат, и доколку овој народ веќе еднаш не пресече, перспективата ни е само да бидеме изморени статисти во театарот КОРУПЦИЈА, со кој газдуваат извршителите на странските интереси кај нас, заштитени од своите газди како бели мечки”, вели Стоиљковиќ кој јасно укажува на ДУИ како огромен проблем за македонското општество и држава.

Стоиљковиќ одговара на обвинувањата за средба со руски претставници како и за црната листа на САД, корупција, скандали, уставни измени, односите СДСМ-ДУИ, избори, Косово и Метохија, Србија, Русија, регионот…

Целата емисија со Елена Марковска Цветановска