Врие во „Македонски пошти“ поради доцнење на септемвриската плата дел од вработените во изминатите денови одбиле да излезат на терен, дознава ТВ 24.

Вработените се револтирани бидејќи платата им доцни речиси половина месец и не добивале образложение зошто е доцнењето. Од поштенскиот синдикат ги потврдуваат информациите дека постои незадоволство поради доцнењето на платата и велат дека со мирен предупредувачки протест вработените во Македонски пошти, утре за време на паузата во сите поштенски објекти во земјава, ќе го искажат своето незадоволство од лошите услови во кои работат и загриженоста поради платите кои не ги земале за овој месец.