Македонски пливачи се враќаат со медали од олимписки квалификации

Македонски пливачи вечерва се враќаат со медали од меѓународниот пливачки натпревар “Grand Prix 11-April” кој викендов се одржа во Белград, Србија.

Пливачката на Аква Про, Ева Петровска освои злато на 800м слободно со време 09:11,80 и бронза на 400м слободно 04:25,52 во апсолутна и јуниорска конкуренција.

Младиот пливач Иван Симоновски освои две бронзени медали во апсолутна конкуренција на 50 и 100м делфин со време 26,35, и 57,67.

Павле Стојчески во трката на 100м слободно исплива 57,25 што беше доволно за 12 место во јуниорска конкуренција.

Овој натпревар беше од квалификациски карактер за Олимписките Игри во Токио оваа година.

На турнирот учество зедоа 485 пливачи и 49 клубови од Македонија, Србија , Босна, Бугарија и Тунис.