Марко Трпчевски од групата „Плетенка“ го откачил организацискиот одбор на прославата на Илинден во селото Смилево, кој од него барал да ја испее македонската химна без строфата во која се спомнуваат револуционерите Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
Одборот го побарал тоа од него поради присуството на бугарска делегација, но Трпчевски им порачал да си побараат друг пеач, пишува Кристијан Јандриоски на Фејсбук.