Најталентираниот македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ (16 год., 214 см), сезонава би можел да дебитира во дресот на шпанскиот гигант Барселона и тоа во Евролигата, откако каталонскиот тим го регистрира за настап на средбите од најсилното клупско натпреварување во Европа. 

Како што јавува Sport1.mk името на нашиот суперталентиран центар се најде во друштво на ѕвезди како Никола Миротиќ, Ник Калатес, Томас Ертел, со оглед што ја доби довербата на новиот предводник од клупата, поранешната европска играчка легенда, Шарунас Јасикевичиус.