Патрола од инспекторатот на сообраќајната полиција во германскиот град Розенхајм на автопатот А8 во областа Бад Фајлнбах синоќа отстранила од сообраќај камион-приколка со унгарски преносни таблички, управуван од македонски државјанин.

При рутинската контрола на камионот натоварен со половни возила од Германија за Македонија биле констатирани истекување масло од хидрауликата на приколката, две оштетени гуми, а дел од натоварените возила биле недоволно или воопшто неприцврстени.

Покрај техничките дефекти и недоволното обезбедување на товарот, 29-годишниот возач од Македонија возел без возачка карта. Тоа значи дека полицијата или Федералната служба за транспорт на стоки не можат прецизно да ги проверат т.н. технички записи во форма на брзина или стил на возење. Намерното непочитување на оваа регулатива ќе резултира со повисока казна во опсегот од три до четири цифри.

И тоа не е сè. За време на проверката, возачот ги предал документите за испорака, по чија темелна проверка сообраќајците утврдиле и фалсификување на праткат, односно возачот ги немал потребните документи за испорака на својот товар. Поради тоа, покрај парична казна, против него е покрената и кривична постапка за фалсификување исправи.

Јавното обвинителство во Траунштајн му наложило на камионџијата да депонира сума од речиси 1.000 евра кај службениците за да ја обезбеди постапката.