Македонски и српски државјани фатени со над 21 кг. злато во Солун

Накит и осум златни прачки, со вкупна тежина од околу 21,5 килограми, открила полициската патрола во Солун, во две возила, едното со македонски, а другото со турски таблички.

Според неофицијални информации, уапсени се двајца државјани на Македонија, едниот на 72, а другиот на 36 години и двајца државјани на Србија, двајцата на 37 години, јавува дописникот на МИА од Атина

Одземени им се возилата и мобилните телефони, а полицијата ќе го испитува потеклото на накитот и златото.