Македонските граѓани кои возат автомобили со странски таблички, ако сакаат да влезат во земјава со нив ќе треба да се откажат од живеалиштето во Македонија или да ги остават и да ја поминат границата пеш.
На возила со бугарски таблички им е забранет влез во Македонија
Вакво е искуството на стотици македонски граѓани кои со автомобили со бугарски таблички се обиделе да влезат во земјава на трите гранични премини на бугарско-македонската граница, објави денеска МКД.мк.
Во редакцијата се јавиле неколку граѓани кои се соочиле со овој проблем на граница, но не добиле објаснување зошто не можат да влезат со автомобилот.
Според сведочењата на наши сограѓани, само во петокот на Деве Баир биле вратени стотина македонски граѓани со автомобили со бугарски регистарски таблички.
