Македонски граѓани останаа без поддршка од својата земја, евакуирани дипломатите на Македонија во Киев

Македонски државјани остануваат во градот а македонските дипломати веќе се евакуирани од Киев, објави денеска министерот за надворешни работи Османи на прес конференција.

Иако дипломатите ветувале дека ќе помогнат при евакуација и на македонски државјани во главниот град на Украина тие сега се оставени сами да се справуваат со тешката ситуација во градот каде ноќеска се водеа тешки улични борби а денеска е релативно мирно.

Според првичните информации на expres.mk во Киев се блокирани најмалку две семејства македонски државјани на кои им било ветувано помош при евакуација од страна на македонскиот амбасадор.

Изминативе денови тие биле во контакт со амбасадата од каде им било кажано дека се прават напори за помош при нивна евакуација.

Поради блокадата во градот каде се затворени и мостовите двете семејства не можат да дојдат во меѓусебен контакт.

Едно од семејствата кое очекувало да го напушти Киев заедно со македонските дипломати денеска околу пладне разбрало дека амбасадата е затворена и дека тие не треба да се надеваат на брза помош при евакуација од опасниот град.

Се работи за четиричлено семејство македонски државјани кое не е во можност само да замине од градот.

Делот од изјавата на Османи за евакуацијата на македонските дипломати и меѓународни монитори во мисијата на ОБСЕ почнува по 8 минута од видеото.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2981394425448433&id=359477174168894