Македонски функционер за Захариева и сестрата на Мицотакис: “Фригидни кучки свршуваат на Македонија”

Откако вчера високиот функционер на СДСМ и градоначалник на Скопје Петре Шилегоц бугарската шефица на дипломатијата индиректно ја квалификува како “глупача” односно човек што прави глупости денеска и друг државен функционер со експлицитен говор на омраза кон функционерки од соседните држави.

Претседателот на Надзорниот одбор на Македонската информативна агенција (МИА) Зоран Иванов со говор на сексуална омраза кон две соседни политичари, една актуелна а друга поранешна министерка за надворешни работи.

Едната е актуелната министерка на Бугарија Екатерина Захариева а другата е екс министерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани.

Втората е родена сестра на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис а првата најблиска соработничка на премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

“Сите фригидни кучки свршуваат на Македонија, Бакојани 2008-ма, Захариева 2020-та”, напиша на Твитер првиот човек на Надзорниот одбор на државата агенција.

Предходно Иванов упорно ги напаѓаше критичките кон владата медиуми во Македонија тврдејќи дека шират дефетизам а сигурно ќе има датум за преговори во декември.

Откако денеска се случи вето Иванов влезе во непримерни “мачо” вербални навреди на сексуална основа кон соседни политичари без преседан.

Последна вест

Ахмети откри “дил” со Заев за Диво Насеље – Се спасуваат ли убијците на 8 полицајци?