Македонски државјанин уапсен за шверц со хероин во Хрватска

Полицијата во Истра, Хрватска, разоткрила шестчлена група во која биле и еден Македонец и еден Србин, кои се обвинети дека криумчареле хероин во Хрватска и потоа го продавале на наркопазарот во Истарската, Загрепската и Сплитско-далматинската жупанија, објави Индекс.хр.

Осомничените хероинот го набавувале на подрачјето на една од земјите од Југоисточна Европа и го шверцувале во Хрватска. Полицијата се сомнева дека во продажба биле ставени најмалку 4.2 килограми хероин, а при апсењето кај нив се запленети 3.9 килограми.

За неовластено производство и промет на дроги во составот на злосторничкото здружение, полицијата ги сомничи 49-годишен македонски државјанин, 59-годишен државјанин на Србија и четворица Хрвати на возраст од 42 до 66 години. Според неофицијалните информации, се уште се трага по уште еден член на групата.

Тројца од осомничените се уапсени на подрачјето на Загреб, а по еден на подрачјето на Истра и на Сплитско-далматинската област.

Од продаѓбата на 4.2 килограми кокаин, осомничените заработиле најмалку 80.000 евра кои меѓусебно ги поделиле, извести УСКОК кој врз основа напријавата од истарската полиција, донесе решение за спроведување истрага против осомничените и за нив побара да бидат приведени во истражен затвор.