Државјанин на Македонија вчера околу 12:30 часот на автопатот Ниш – Белград кај Велика Плана бил запрен од пресретнувач на сообраќајната полиција на Србија, откако возел речиси двојно побрзо од дозволените 130 километри на час, поточно 252,8 км/ч!
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 32-годишниот возач управувал „ауди а8“ и бил исклучен од сообраќај, а против него е поднесена и прекршочна пријава за насилничко возење.