Македонски државјанин баран од Австрија бил уапсен на граничниот премин Гуешево, јавуваат бугарски медиуми.
При обработката на личните исправи било констатирано дека по 38-годишниот Ј.Ј. е е распишана европска потерница од обвинителството во Виена.
Уапсениот бил баран од 2016 година.
Против него се води кривична постапка за учество во организирана криминална група и трговија со дрога и психотропни супстанци.
За делото што го направил во странство му се заканува казна затвор до 15 години.
Одреден му е притвор до 72 часа.