Македонски државјани често „забораваат“ на дозволениот престој во ЕУ

Македонски државјанин на возраст од 27 години во четвртокот попладнето слетал на аеродромот во германскиот град Меминген, но му бил забранет влез во земјата и директно бил одбиен од пограничните власти поради пречекорениот рок за престој во Европска унија.

Според правилата за безвизен режим, дозволениот престој во земја-членка на ЕУ е вкупно три месеца во рамките на шест месеци, а носителот на пасош на Македонија веќе имал 101 ден престој во Унијата. Поради тоа, тој добил пријава за обид за нелегален влез во Германија.

На македонските граѓани сè почесто им се случува да „заборават“ на дозволениот рок за престојување во Унијата и непријатно се изненадени на граничните премини со нејзина земја-членка, каде што педантно им ги бројат деновите поминати во ЕУ во последните шест месеци од нивниот прв влез.