Славче Таневски, дизајнер на екстериер во автомобилскиот гигант „Мерцедес“, од владините институции што во името ја содржат додавката „северна“ побара да не ги користат неговото име и дело.
„Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат ‘северна’ (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели. Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!
Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример! Споделете!
#Македонија #бојкотирам #блокирам #брц #Macedonia #forever“, порача Таневски преку својот профил на Фејсбук.
Во прилог на овој статус оди и принт скрин од неговото обраќање до Агенција за иселеништво.
„Здраво, овде Славче Таневски. Ќе ве замолам да ги отстраните сите постови кои се однесуваат на мене и на мојата кариера од вашата Фејсбук/како и веб-страница. Не сакам моето име да се поврзува на никаков начин со терминот СЕВЕРНА Македонија. Благодарам однапред!“, е содржината на пораката од Таневски.
