Македонски дисидент открива зошто Заев го праќал Фрчкоски за амбасадор во САД

Првиот македонски политички дисидент кој добил политички азил од независна Македонија во некоја западна земја открива детали околу скандалот со професорот Љубомир Фрчкоски по номинацијата за амбасадор во Вашингтон.

Јордан Петровски кој откако во деведесетите години беше прогонуван од тајните служби на Македонија доби статус на политички бегалец во Канада неодамна откри и зошто Заев сакал да го испрати Фрчкоски во САД од каде не доби дипломатски агремани.

“Според мене има неколку причини зошто на Заев му беше битно не докрај лустрираниот Фрчкоски (немаше судска разврска, после која Фрчковски и многу други ке добиеа долгогодишни затворски казни) да го прати за амбасадор во САД!

Првата причина лежи во тоа што со прифаќањето на агреманите на амбасадорот во обид Фрчкоски од страна на САД, за САД лустрирањето, односно кршењето на Уставот со неуставно прислушкување од страна на Фрчкоски, кој бил потписник на налозите за прислушкување ке биде небитна работа а тоа пропагандата на Заев ке ja искористи максимално во ширење на приказната дека само кога ВМРО ДПМНЕ е на власт има неуставно прислушкување.

Втората причина е дека со прифаќањето на тоа Фрчкоски да стане амбасадор во САД, Заев ке го протуркаше законот со коj се поништува полу-лустрацијата која ја спроведе владата на Груевски а тоа ке овозможи Заев , односно УДБа богато да ги обештети своите верни слуги! Колку било битно за Заев и СДСМ да се избришат трагите од нивното прислушкување говори фактот дека тие во НАЦРТ- СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР зацртале носење на закон со кој ке се овозможи поништување на полу-лустрациите и обештетување на лустрираните! А ке се изврши и притисок на судот да ги прифати кривичните пријави против претседателот и членовите на Комисијата за лустрација кои не беа предложени од СДСМ и ДУИ!

Има уште неколку многу битни показатели за желбата СДСМ да го соокрие а со тоа и остави неказнето прислушкувањето од своето време! Прв показател е што во судењето „ТАРГЕТ“ воопшто не се побарани ниту од обинителот ниту од одбраната ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА РАБОТА НА УБК. Само преку ПРАВИЛНИЦИТЕ е можно да се утврди кој бил овластен да дава налози за прислушкување и кој да ги потпишува тие налози. Според онаа што јас сум го проучил за работата на УДБ/СДБ таа е строго бирократска и во една таква организациска шема не може да се направи ништо ако нема писмен налог кој е според ПРАВИЛНИЦИТЕ за работа. Така да тврдењето на свиркачот Лазаревски дека добивале усни или пак на ливче наредби се далеку од вистината. Потоа чудно е што меѓу обвинетите го нема заменик директорот на УБК, Силјан Аврамовски, човек кој е во УБК од почетокот на осумдесетите години на минатиот век. Човек кој бил тесно поврзан со 5-та Управа! Човек чиј татко, Блаже Силјановски, ја водел 5 Управа сѐ до 1991 година. Значи кадрите во 5 Управа се негови ученици а и негов избор.
Втор показател се пишувањата на госпоѓата Фросина Ремески врзани за прислушкувањето, пишувања во кои госпоѓата Ременски упорно пишува, односно се обидува да ја убеди јавноста дека неуставното прислушкување започнало после доаѓање на власт на Груевски!
Третата и не малку битна работа е тоа што порталите , поточно мегафоните на Заев веднаш го открија виновникот кој за неколку дена успеал да издејствува од администрацијата на САД да не го прифати Фрчкоски за амбасадор. Не е чудно што во таа игра носители беа МАКТЕЛ и НАРОДЕН ГЛАС бидејки тоа се портали, односно партали без кредибилитет. „Зачудува“ фактот што ЛИБЕРТАС на Ацо Камбрамов беше креаторот на откритието! Откровението на ЛИБЕРТАС дека Мето Колоски само за неколку дена успеал да излобира преку нудење на приказна дека Фрчкоски е тепач на жени и помагач на режимот на Милошевиќ е тешко прифатливо за секој човек со малку разум. САД не е султанат или Заевистан па ако потплатиш некој близок до султанот кој ке му шепне на султанот да донесе такво и такво решение, работата ке е свршена. Значи пак го нема неуставното прислушкување како причина за одбивањето на Фрчкоски за амбасадор. ЛИБЕРТАС активностите на Колоски ги претстави дека се по налог на ВМРО ДПМНЕ. Ова е многу далеку од вистината, но за ова понатака во текстот”, пишува Петровски во својата анализа.

Целата анализа на овој ЛИНК