Автомобил на Конзултатот на Република Македонија во Солун паркиран во центарот на градот е запален утрово во 5:30 часот, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Возилото било полеано со запаллива течност, а потоа запален, при што е предизвикана материјална штета на задниот дел.
На местото на настанот интервенирала Противпожарната служба, а прелиминарната истрага ја презеде Државната безбедност на Солун.