Светот во кој Бугарите и Македонците нема да бидат браќа, не е мојот свет. Навредите меѓу Бугарите и Македонците се странска игра која има за цел да не труе, изјави Александар Панев, дипломат во македонската амбасада во Софија, Александар Пенев, кому вчера му заврши мандатот, пренесе БГНЕС.
Панев вели дека тешко му било да се збогува со градот каде се чувствувал како дома. Вели дека овчеполци и жителите на Софија не биле секогаш во кавги и проблеми, како денес.
Вели дека како македонски дипломат, се обидел колку што можел и колку што зависело од него ( ?), но не можел многу, зашто „центрифугалните балкански сили се силни“.
„Секогаш сум кажувал на глас, свет во кој нема да бидеме браќа туку Татари, окупатори, Коминтерна и слични ниски навреди, не е мој свет ниту сакам да имам кариера во такви игри, игри во кои ќе мора да бидеме груби.
Овие игри не се наши, тие се наметнати за да отрујат и заслепат да не го видиме доброто кај братот туку само лошото“ вели Панев за БГНЕС.
