Еден од водечките македонски детски хирурзи Ристо Симеонов открива дека како лекар кој работи со деца не е вакциниран поради неодговорниот однос на власта.
“Како детски хирург работам со најмалите пациенти и заедно со лекарите и медицински персонал даваме се од себе, за безбедни и успешни операции на децата.
Но, крајно неодговорно кон нашите пациенти е што надлежните нас како лекари во приватните болници не’ оставија без имунизација”, пишува разочараниот детски хирург кој бара одговорност од владата во кој важна позиција има неговиот колега Венко Филипче.