Македонски автомобил оштетен од демонстранти во Солун

Автомобил со македонски регистарски ознаки е оштетен од учесници во протест на ученици и на студенти во Солун против Преспански договор.

Откога го забележале возилото на паркинг во близина на солунското пристаниште, демонстрантите ги откорнале табличките и ги оставиле на предното ветробранско стакло, врз кое фрлиле јајца.

Грчките медиуми причините ги бараат во меѓународната ознака МК на табличките, која ги иритирала учесниците во протестот. Според договорот од Нивици, возилата на идната „Република Северна Македонија“ ќе носат ознаки НМ или НМК.