Автобус на македонски превозник кој патувал кон Копаоник околу 10 часот изутринава се превртел во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските медиуми.
Според првичните информации едно лице е потешко повредено и веќе е пренесено во болницата во Прокупље, a 11 мина поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравниот дом во Блаце.
Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.
Причините за несреќата сѐ уште не се познати, но локалните медиуми пренесуваат дека делницата на која автобусот излетал од патот еден месец била во реконструкција.