Македонската оперска ѕвезда со 6 причини зошто утре ќе го крене гласот против владата

Оперската ѕвезда Игор Дурловски објавува зошто и за кого утре во 20:00 часот ќе биде пред владата и ќе ја пее химната на Македонија на големиот протест организиран од опозицијата.

Дурловски дава 6 причини поради кои ќе го крене гласот против ситуацијата во Макеоднија:

1. За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ,,Заедничка Македонија”

2. За тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година

3. За тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат

4. За ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки

5. Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу…

6. Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам.

Во објавата Дурловски го користи хаштагот:

#ЗаМакедонија