„Македонската фаланга“ ја диктира атмосферата и во Амстердам (ВИДЕО)

Неколку стотини навивачи на фудбалската репрезентација на Македонија ја вжештија атмосферата во Амстердам пред почетокот на натпреварот со домаќинот Холандија од последното коло во групата Ц на Европското првенство.

Како и во Букурешт, „фалангата“ диктира темпо и во градот на каналите, и пред арената „Јохан Кројф“ со препознатливото скандирање „Зига-зага Македонија“, на кое им се придружија и фанови на „лалињата“.

Македонските фудбалери нема да ја имаат поддршката од неколкуте илјади Македонци во главниот град на Романија, но нема да бидат сами во својот последен меч на шампионатот, и покрај лажната вест во Букурешт дека Холандија нема да прима македонски навивачи поради строгите мерки против коронавирусот. Тоа многумина одврати од патување таму, па уште во Букурешт побрза да ги препродадат или да ги подарат влезниците за мечот со поранешниот европски првак.

Видеото од Амстердам на следниот линк:

https://www.facebook.com/messenger_media/?thread_id=100012704166510&attachment_id=1169893883528469&message_id=mid.%24cAABa9lAdvSKAYEnAxV6LwKP8_-Jk