Пад од 3,3 отсто на БДП е регистриран во третиот квартал од годинава, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Во првото тримесечје бруто домашниот производ на земјава доживеал раст од само 0,9 отсто, додека, пак, во вториот квартал, кога ударот од кризата беше најголем, минусот во економијата изнесувал дури 14,9 отсто.

Кога два квартала едно по друго се бележи пад на економијата, тоа значи дека таа и официјално е влезена во рецесија. Фактор