Извори во воената разузнавачка служба за expres.mk ја потврдуваат информацијата која првично дојде од граѓани очевидци на тежок безбедносен инцидент во близина на касарна на Армијата на Република Македонија.
Според очевидци кои тврдат дека не грешат, деновиве летало дрон од непозната марка подолг период летал над објекти на АРМ во една од најголемите касарни на армијата на Македонија.
Засега од АРМ и министерството за одбрана не ја информираат јавноста за тешкиот инцидент кој ги вознемирил Генералштабот на АРМ и воените и цивилните служби за безбедност.
Инцидентот не се доведува во врска со конкретни домашни или регионални состојби ниту во корелација со тензиите на Косово каде деновиве постоеше сериозен потенцијална судир меѓу косовските сили и војската на Србија која е стационирана на границата со Косово.
За инцидентот молчат и владата и МВР кое дава дозволи за летање на дронови.
Најнови детали за настанот
Нови детали за тешкиот безбедносен инцидент во објект на македонската армија
Целта на мистериозниот дрон биле објекти во касарната на АРМ во Кичево