Македонската амбасада во Париз со бојкот за Македонците што ја отфрлаат “Северна”

Македонски активисти од Франција информираат дека сите Македонци кои живеат во оваа земја а се против новото уставни име на Македонија се предмет на бојкот од страна на македонските дипломати испратени во Париз од власта на СДСМ и ДУИ.

Акт гостите тврдат дека со нив не се споделува ниту една информација иако амбасадата има обврска да работи за сите македонските граѓани без разлика на политичките ставови.

“Почитувани,

Само за информација , откако е дојдена новата постава на “Северна” во Амбасадата на Република Македонија, ниту една, повторувам ниту една информација, не е споделена со нас активисти кои ја критикуваме и отворено не ја подржуваме оваа власт❗

ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ ЕДНА АМБАСАДА ТРЕБА ДА ФУНКЦИОНИРА И ДА ГИ ШТИТИ ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНАТА ПОЛИТИЧКА ОПРЕДЕЛЕНОСТ”, пишува во јавната реакција од македонската активистка Сузана Сурловски Георгиевска која досега организирала или учествувала во голем број хуманитарни и други активности од корист за Македонија.

Сега таа и многу други луѓе затоа што се против Северна не се пожелни за комуникација со дипломатите што во Париз ги испратиле Пендаровски, СДСМ и ДУИ.

https://www.facebook.com/groups/251997192560920/permalink/509725390121431/