Македонска новинарка во друштво со три најмоќни жени во ЕУ (ФОТО)

Новинарката Весна Јакимовска во Берлин била дел од официјален настан на германската влада каде имала можност да поразговара и да се фотографира со трите најмоќни жени на германската и европската политика

“Почитувани дами ова е голема чест за нас, ви благодариме.

Овие силни жени се мои идоли.

Со новата шефица на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, со Бундес Канцеларката Ангела Меркел и министерката за одбрана и шефица на владеачката ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер”, напиша Јакимовска на својот Фејсбук профил.

Јакимовска е екс новинарка на Канал 77 а во моментов таа таа живее во Главниот град на Германија каде нејзиниот сопруг Чедо Јакимовски е македонско воено аташе во амбасадата на Македонија во Берлин.