„Македонска фаланга“ (и)збришана – од натписот на катната гаража

Со „бетонираниот идентитет“ преку „зачувувањето“ на придавката „македонска“ со Преспански договор, како што тврди власта во Македонија, се соочи и катната гаража „Македонска фаланга“.

Непобедливата воена формација осмислена од Филип Втори Македонски и ударна тупаница на Александар Македонски во освојувачките походи ја загуби битката – отстранет е натписот во нејзина чест од објектот кај стариот цветен пазар во Скопје.