Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на генералното собрание на ОН се сретнал со министерот за надворешни работи на Малдиви Абдула Шахид, објави македонското министерство за надворешни работи.

,,Разговори за изгледите за развој на 🇲🇰 🤝 🇲🇻 билатералните односи и покрај географската оддалеченост. Заемна посветеност за одржување на добра соработка во мултилатерални услови”, објавува МНР во единствениот твит за средбите на Османи во Њујорк каде се сретна со повеќе дипломати но на Твитер е потенцирана само таа со колегата од туристичкиот рај Малдиви со кој Македонија речиси да нема никакви односи.

Во твитот на МНР за средбата на Османи шефот на малдивската дипломатија погрешно е напишан како @adulla_shahid иако неговото име е Абдула Шахид и се пишува со буквата Б.