Македонка стана градоначалничка во Австралија

Емилија Лиза Стерјова е избрана за најмлада жена-градоначалник на општината Вителси во градот Мелбурн, Викторија.

Стерјова за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината а од ноември 2017 до ноември 2018 година беше заменик на градоначалникот на општина Вителси.

Општина Вителси брои 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители.
Емилија Стерјова по потекло е Македонка. Таа истовремено е и член на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, член е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и член на Групата за младинско управување.