Австралијката со македонско потекло Маја Марковски потпиша за Мелбурн виктори и во претстојната сезона ќе настапува во најсилната женска фудбалска В-лига.
Осумнаесетгодишната Марковски минатата година постигна девет гола за Бокс хил јунајтед во НПЛ-лигата и беше прогласена за ѕвезда во подем.
Сезоната во В-лигата почнува на 27 декември.