Акција на 🇲🇰 Меѓунатодниот семинар за македонски јазик литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ и странските македонисти за Горан Стефановски, на денот кога се навршува 71 година од неговото раѓање.
Објавена е пораката од неговиот есеј „Искра што се измолнува“ во превод на:
🇻🇳 виетнамски јазик: Преводот го подготви Нгуен Ти Пуонг Ни, која македонскиот јазик го учи на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта;
🇰🇷 корејски јазик: реводот го подготви Наташа Андриеска, која студираше корејски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и на Корејскиот универзитет за странски јазици (Hankuk University of Foreign Studies) во Сеул. Сега е студентка на Сајбер универзитетот за странски студии (Cyber Hankuk University of Foreign Studies) во Сеул. Преводот на корејски јазик го прочита нејзиниот сопруг, Ли Бјондо;
🇷🇸 српски јазик: Преводот го подготви Александра Стошиќ, доктрантка на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш, учесничка на нашите летни школи во 2021. и 2022 година и на Третата зимска школа;
🇷🇺 руски јазик: Преводот го подготвија Марија Јарославцева, Елена Гаркуша и Никита Никитин, кои студираат македонистика на Филолошкиот факултет при Московскиот универзитет „Ломоносов“. Тие беа учесници и на нашата 54 Летна школа;
🇦🇱 албански јазик: Превод со прочит од ка, Сабина и Сара Џелили, членки на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, со кое остваруваме соработка;
🇹🇷 турски јазик: Преводот го подготви проф. д-р Туркан Олџај, раководителка на Катедрата за македонски јазик и литература на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет.
Оваа порака, откако одекна на сите јазици на 🇪🇺 ЕУ во соработка со Delegation of the European Union, Skopje и Europe House Skopje, преку новите преводи што ги подготвуваат студентите по македонистика на странските универзитети и нашите соработници, продолжува да одекнува на јазици кои се говорат надвор од ЕУ и на јазици кои се говорат воопшто надвор од Европа.
Македонските културни достоинства треба да ги вреднуваме и афирмирме постојано. Затоа и продолживме со преводите на пораката на нашиот Горан, со верба дека таа ќе ги обиколи 🌍 светот и дека ќе го поттикне да ја прочита и чуе нашата приказна.
Да не заборавиме: „Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ‘рбетот на нашиот идентитет.“
Вчера актерката и професорка Валентина Божиновска објави прекрасно видео за писмото на Стефановски до внуката Калина