Македонија втора во Европа по процентот вработени во ризик од сиромаштија

Поразителен податок на Денот на трудот 1 мај за работниците во Македонија споредбената анализа на Евростат, според која вработените од земјава се на второто место во Европа врз основа на ризикот од сиромаштија и социјална исклученост.

Во таква состојба се 26,4 проценти од вработените во Македонија, од кои на стариот континент полошо стојат само нивните колеги од Романинија.

Веднаш зад Македонија по овој параметар се Бугарија и Грција, а петта е Србија со 20,8 отсто.

Просекот на Европската унија е 8,7 проценти, а најдобри во овој поглед се вработените во Финска, од кои само 3,9 отсто се соочуваат со сиромаштија.