Македонија во 1/3 од 196 земји по заболени од коронавирус според број на жители

Според бројот на жители Македонија се наоѓа на 59 место односно во првата третина ако се мери бројот на заболени од Ковид19 на милион жители.

Според најновата официјална статистика во земјава има вкупно 148 или по 71 заболен на милион жители. Вкупно на листата земји со заболени луѓе се 196 земји и територии.

Во групата со нас со околу 70 заболени на секој милион жители се и Грција, Литванија и Ерменија.

На ниво на земји од Европа , Македонија се наоѓа на 31 место според број на заболени на милион жители.

На врвот на листата на заболени на милион жители се малите европски држави: Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Исланд, Луксембург, Лихтенштајн и Ватикан по кои следуваат Италија, Швајцарија и Шпанија.

На дното на листата каде има најмалку случаи на заболени од Ковид19 се африкански и азиски земји каде нема ниту по еден заболен на еден милион жители: Мозамбик, Мианмар, Сомалија, Сирија,Непал, Судан, Ангола, Етиопија, Нигер,Папуа Нова Гвинеа и Танзанија.

Целиот слисок на следниот линк

https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries