Во малку позната за јавноста, но интригантна борба во Њујорк, моќната Русија во директна битка се бори со Македонија за место во влијателно тело на Обединетите нации.
Битката со ,,Руската мечка” се случува кратко откако во седиштето на ОН во Њујорк за македонски амбасадор беше избран контроверзниот екс министер на СДСМ Љубомир Фрчкоски кој предходно беше одбиен за амбасадор во Вашингтон.
Во серијата тајни гласања минатата недела, моќната Русија не успеа да ги постигне потребните две третини од присутните членки на ОН со право на глас за да го добие местото во Економско-социјалниот совет на ОН (ECOSOC), наменет за земја во регионот на Источна Европа.
Во текот на шест круга гласање, бројот на гласови за Русија се движел од максимални 118 – помалку од потребните две третини за десет гласа – до најниско ниво од 99.
Откако шестото последователно гласање донесло 99 гласови за Русија наспроти 81 за Македонија, претседавачот најавил дека гласањето ќе продолжи „на датум што ќе се одреди дополнително“.
ЕКОСОК е тело од 54 земји-членки што има значително влијание во светската организација, надгледувајќи го мнозинството од човечките и финансиските ресурси за целиот систем на ООН.
Нејзините членови избираат членови на помошните органи на ОН, вклучувајќи ги извршните одбори на детската агенција УНИЦЕФ, Комисијата за статусот на жените и други тела кои се занимаваат со прашања како што се акредитација на невладини организации, борба протекло в наркотици, спречување на криминал и кривичната правда.
Доколку Русија не успее да биде избрана за мандатот 2023-2025 година, тоа ќе биде првпат во историјата на ЕКОСОК да биде исклучена; Советскиот Сојуз беше членка секоја година од 1946-1992 година, а Руската Федерација секоја година од 1993-2022 година.
Откако ја нападна Украина во февруари, Русија е суспендирана од Советот за човекови права на ОН и Светската туристичка организација на ООН и се соочува со повици за нејзино протерување од културната агенција УНЕСКО. Исто така е суспендирана од неколку други меѓународни организации како Советот на Европа и Арктичкиот совет.
Македонија изгледа неверојатен ривал на земја која со години игра доминантна улога во мултилатералниот систем и е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
За споредба Македонија може да се вклопи во Русија 665 пати повеќе и има население во сооднос 1/67 од големината популацијата на Русија.
Американски извори тврдат дека руски дипломат ги обвинил САД и Европската унија дека ја поттикнуваат Македонија да се постави за место во ЕКОСОК во циничен антируски потег.
Заменик-амбасадорот во ОН, Дмитриј Полјански изјавил дека епизодата „покажува колку далеку и ниско можат да одат нашите западни колеги во нивната потрага да ја исклучат Русија од учество во телата на ОН“.
„Тие се подготвени да го погазат секој принцип на работата на ОН, да го жртвуваат мултилатерализмот во нивната залудна потрага за „откажување“ на Русија“, рече тој.
Полјански изрази благодарност за оние земји кои се спротивставија на западниот притисок и гласаа за поддршка на кандидатурата на Русија.
„Русија е во ЕКОСОК од своето основање и има многу да му понуди на ова тело како противтежа на себичната западна агенда и диктат“.
Полјански вели дека Русија нема да отстапи, а круговите на гласање ќе продолжат додека еден од нив не и го испорача на Русија двотретинското мнозинство што и е потребно.
„Сметаме на поддршката од нашите партнери и пријатели од ОН кои не споделуваат валкани методи и агенда за поделби на САД и ЕУ.
Гласањето може да продолжи на неодредено време, додека доволно земји не ја сменат својата позиција за да им го дадат на Русија или на Македонија потребното двотретинско мнозинство.
Доколку не победат Македонија или Русија еден од нив се откажува; или трета земја се поставува како алтернативен кандидат и добива доволно гласови.
Во најзначајниот историски случај – иако за непостојано место во Советот за безбедност, наместо во ЕКОСОК – 154 круга на гласање во 1979 година не успеаја да донесат победа ниту на Куба ниту на Колумбија. Мексико конечно се вклучи како компромисен кандидат и беше избран на функцијата.
Идеолошка борба, исто така, се криеше зад сличен инцидент во 2006 година, кога администрацијата на Буш ја поддржа Гватемала против Венецуела во обид да му ускрати на тогашниот венецуелски претседател Хуго Чавез место во Советот за безбедност. По 47 неубедливи кругови на гласање, Панама зачекори напред и го доби местото.
Седумнаесет од 18-те слободни места на ЕКОСОК за 2023-2025 година беа пополнети минатиот петок. Тие ги добија Боцвана, Кабо Верде, Камерун и Екваторијална Гвинеја во групата Африка; Кина, Лаос, Катар и Јужна Кореја во групата Азија; Словачка и Словенија во групата Источна Европа; Бразил, Колумбија и Костарика во групата на Латинска Америка; и Данска, Грција, Нов Зеланд и Шведска во западната група.