Македонија тргната од германската листа на ковид-ризични земји

Македонија е тргната од германската листа на земји висок ризик за ширење на коронавирусто, објави Институтот „Роберт Кох“.

Одсписокот на ризични се тргнати и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора.

Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во оваа земја, а се очекува тоа да го сторат и други членки на ЕУ, како Холандија, поради што за мечот со Холандија на ЕУРО 2020 година, репрезентацијата ќе патува само со фудбалери и стручен штаб, потсетува ТВ21.